Пума лансираше нови патики наречени Storm Adrenaline и не помина многу време пред корисниците да забележат проблематична сличност.
Како прво, самото име „Бура“ ги потсети на злогласниот Штурмабетилунг, или трупите на СА, а потоа тие го видоа ликот на Хитлер на левата патка. Фризурата и злогласните мустаќи можат јасно да се видат.
Потоа, многумина исто така истакнаа дека основачот на Пума, Рудолф Даслер, е прилично жесток поддржувач на нацистичката партија.
Дебатата особено избувна во Русија, каде што некои повикаа на бојкот.
Но, наскоро гневот се смири откако другите корисници на социјални медиуми забележаа дека вистинската патика наликува на Нилокај Гогољ, а некои повлекоа паралели со Едгар Алан По и со другите луѓе со мустаќи во историјата.