Пушењето е штетно. Но дали знаете која е основната причина поврзани со заболувањата предизвикани од пушење?

Фактот дека пушењето е штетно за здравјето е научно докажано со голем број научни студии. Затоа оние кои не пушат не треба да започнуваат, а за пушачите најдобриот избор е целосно да се откажат од пушењето. Здравствените власти во многу земји водат кампања против пушењето, а една од стратегиите за решавање на проблемот е да се намали ризикот.

Според СЗО, повеќе од 8 милиони луѓе умираат годишно од болести поврзани со пушењето, од кои 1,2 милиони се пасивни пушачи. За жал, луѓето од оваа група страдаат и од штетната навика на своите најблиски, бидејќи штетните состојки се содржани и се шират од чадот од цигари кој се создава при процесот на согорување на тутунот. Националната здравствена служба на Велика Британија NHS наведува дека пушењето е поврзано со зголемен ризик од развој на болести како што се кардиоваскуларни болести, ХОББ, рак на белите дробови (7 од 10 случаи се должат на пушењето цигари) и слично.

Овие факти се добро познати во јавноста, но можеби основната причина за болестите поврзани со пушењетое помалку позната.

Проблемот е во согорувањето.

Кога цигарата гори, тутунот почнува да согорува и достигнува температура од 800oС. За време на процесот на согорување, честичките содржани во чадот се подложни на процес на термичко уништување наречено пиролиза, при кој се формираат чад и пепел. Чадот од цигари содржи повеќе од 6000 состојки. Во својот извештај за 2012 година, Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) идентификуваше список со 93 штетни или потенцијално штетни состојки содржани во чадот од цигари, кои имаат различни негативни ефекти - канцерогени (CА), оштетување на респираторниот систем (RТ), оштетување на кардиоваскуларниот систем (CT), репродуктивно и развојно здравје (RDT) и зависност (AD). Некои од честичките кои спаѓаат во повеќе од една категорија се:

-Ацеталдехид – CA, RT, AD

-Арсен – CA, CT, RDT

-Бензен – CA, CT, RDT

-Хром – CA, RT, RDT

-Етил карбамат (уретан) – CA, RDT

-Олово – CA, CT, RDT

Некои од овие состојки се користат во различни индустрии, за производство на бои, материјали и слично. Но дефинитивно немаат место во човечкиот респираторен систем.

Покрај овие состојки, чадот од цигари содржи многу други цврсти честички како катран и јаглерод моноксид, кои при вдишување се лепат на белите дробови и со нивната акумулација ја попречуваат нормалната функција. Штетата од акумулацијата на овие честички е толку голема и со долготрајни последици што се потребни години по откажувањето од пушењето за да се врати барем дел од нормалното функционирање на белите дробови и ризикот од развој на болеста да започне да се намалува. Јасно е дека начинот да се заштитиме од штетните ефекти на овие состојки е да не бидеме изложени на чад од цигари.

Никотинот е веројатно најпознатата состојка содржана во тутунот. Никотинот е алкалоид природно синтетизиран од растенија од семејството Solanaceae каде освен тутунот, припаѓаат и други растенија како домати, компири, модри патлиџани, чили пиперки и друго. Неговото име потекнува од латинското име на растението Nicotiana tabacum - вид тутун што најчесто се користи за комерцијални цели. Токму оваа состојка предизвикува силна зависност од цигари. Никотинот има силно влијание врз централниот и периферниот нервен систем и е поврзан со развој на некои васкуларни заболувања, но не е главната причина за болести поврзани со пушењето.

Аеросол или чад

Во уредите со загревање на тутун наместо согорување, тутунот се загрева на многу пониски температури - соодветно 350oC и 250oC. Со тоа значително се намалува формирањето на штетни и потенцијално штетни состојки, а некои од нив се и отсутни. Пареата што се ослободува од овие производи е аеросол - мали капки вода дисперзирани во воздухот, кои содржат никотин и значително помала количина и вид на штетни состојки, но нема цврсти честички.

Чадот содржи цврсти честички и илјадници хемиски состојки кои се генерираат со согорување на тутунот на високи температури, додека аеросолот формиран на пониски температури со испарување/кондензација има помалку сложен состав од чадот на цигарите и не создава цврсти честички. Ова е главната разлика помеѓу производите без чад (уредите кои го загреваат тутунот и електронските цигари) и конвенционалните цигари. Односно, поради загревање до пониски температури, аеросол кој испарува содржи значително помалку штетни и потенцијално штетни состојки.

Види повеќе:

Comparison between Aerosol from Reduced-Risk Products and Smoke from Conventional Products - YouTube

Автор: ФМТКП ДОО Скопје

*Овој текст и анкетата се наменети за едукација со цел превенција од изложеноста на тутунски чад. Истиот не може во било која смисла да се доведува во врска со промоција и рекламирање на било кои категории на производи или индустријата.