„Пуштаме брк, бркаме здравје“ – dm ве повикува на уникатна велосипедска рута во името на машкото здравје

Настанот што ќе го одбележи овогодишниот „Мовембер“ во нашата земја со гордост го најавува dm дрогерие маркт: хуманитарна велосипедска рута од 100 км во форма на брл под слоганот „Пуштаме брк, бркаме здравје“, која ќе се одржи на 19 ноември.

Интернационалниот ден на мажите и машкото здравје, 19 ноември, оваа година ќе биде одбележан на досега невиден начин: со возење хуманитарна велосипедска рута во форма на брк што ја организира dm дрогерие маркт.

Оваа рута, на која се поканети сите велосипедски ентузијасти и професионалци, е спортски предизвик на кој сите учесници ќе возат со цел подигнување на свеста за важноста на машкото здравје, како и важноста на првиот самопреглед. „Пуштаме брк, бркаме здравје“ со себе носи моќна, но и едноставна порака: грижата на мажите за нивното здравје е неопходна и итна, почнувајќи од првиот самопреглед, па сè до стекнувањето навики за редовни прегледи кај медицински професионалци.

„Овој ноември, освен што пуштаме ’бркови‘, бркаме здравје и бркаме рекорди во подигнувањето на свеста за важноста на (само)прегледите кај мажите. На оваа хуманитарна рута, со секој свртен педал сме сè поблиску до целта кон која се стремиме како општествено одговорна компанија. Во dm, машкото здравје има навистина важно место и искрено и недвосмислено се стремиме кон подигнување на свеста за (само)прегледите како основна навика во животот на секој маж“, изјавија од Компанијата.

Почетокот на хуманитарната рута во должина од 100 км е закажан за 10 часот наутро пред „Школка“ во Градскиот парк во Скопје.

Рутата за „Пуштаме брк, бркаме здравје“ е достапна на апликацијата „Strava“, а се вози низ Скопје и неговата околина и е во симболична форма на брк. Учеството на рутата за „Пуштаме брк, бркаме здравје“ е бесплатно и сите учесници – ентузијасти и професионалци – ќе добијат симболични и интересни подароци.

ПР објава