,

Рамос со вистинскиот избор: Ова е совршената летна фризура!

Ако сакате да имате вистинска машка фризура која е совршена за лето, тогаш побарајте совет од Рамос..

Рамос е фудбалер кој е познат по своите вештини и генијалната игра, но пред се тој е вистински маж кој води сметка за својот изглед и кој секогаш се труди да биде во своето најдобро издание. Иако, летото се приближува до својот крај, температурите стануваат се повисоки и неподносливи.

Затоа е доста важно во текот на летните денови да се чувствуваме пријатно и да направиме се што ќе ни го разлади телото. Фризурата е сјаен начин да го разладите вашето тело и да се спремите за тропските горештини, па голем број мажи избираат кратки фризури за подобро да ги преживеат сончевите напади.

Всушност и Рамос се води по ова мислење, па моментално ја преферира „Crew Cut“ фризурата која е лесна за одржување, кратка и која изгледа сјајно, дури и кога ќе излезете од море или базен.

Ние ќе ви покажеме како да ја направите оваа фризура, па затоа внимателно погледнете го видеото и покажете му ја на вашиот фризер оваа совршена летна фризура.