Реновирана и модернизирана експозитурата на Силк Роуд Банка во Тетово

Со модерен изглед и дизајнирана според најсовремени стандарди, експозитурата во Тетово од денес продолжува со работа за нашите клиенти кои ги користат сите услуги и поволности на Банката.

На официјалното отворање присуствуваше менаџерскиот тим на Банката, кој им посака топло добредојде на клиентите и добар и успешен почеток на вработените во експозитурата, притоа уште еднаш истакнувајќи дека грижата за клиентите секогаш била наша примарна цел и одговорност.

Модерните и современи експозитури каде што секој ќе се чувствува убаво и добредојдено се уште еден начин на кој обезбедуваме најдобро корисничко искуство за нашите клиенти.

Ова е само првиот чекор од нашите големи планови за 2023 година!

Ве очекуваме во експозитура Тетово, на ул. Маршал Тито бр.112, секој работен ден од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот.

ПР објава

ГАЛЕРИЈА