Забава // Занимливости
Реткост доловена на ВИДЕО: Погледнете како пајак фаќа мува - во лет!
- 28 Декември, 2021 20:00
Затоа Спајдермен е
толку умешен!
Пајаците се секако многу интересни суштества, најмногу поради тоа што имаат уникатна способност да плетат мрежа, а поради својот изглед за многумина се ноќна мора. И покрај тоа, само неколку видови на пајаци се опасни за луѓето (пустински пајаци, црна вдовица), а исто така касаат само во самоодбрана и секогаш избираат да бегаат од луѓето.
Исто така, добро е познато дека не е на одмет да има еден или два пајаци во аголот на собата, особено во летните месеци кога се размножуваат мувите и комарците, бидејќи тие се многу сериозни предатори.
Тоа можете да го видите на видеото подолу, а ова е еден од ретките случаи кога може да видите пајак како фаќа мува во лет. Малку е да се каже дека е брз како молња.
Фото и Видео: Youtube