Рибар бил спасен откако поминал 11 дена на море во замрзнувач

Ромуалдо Македо Родригез го напуштил Ојапок, Бразил со својот дрвен брод на крајот на јули, упатувајќи се кон Илет ла Мер, остров во близина на брегот на Француска Гвајана. Меѓутоа, по неколкудневно патување, од чамецот на овој четириесет и четиригодишник почнало да истекува вода, па на крајот потонал.

Бидејќи не знаел да плива, Ромуалдо побарал засолниште во замрзнувачот што го имал на својот брод и се криел во него повеќе од една недела. По 11 дена во океанот, овој рибар бил спасен од брод кој поминувал во близина на Суринам, кој граничи со Француска Гвајана.

Неверојатно видео од неговото спасување сега е споделено на Интернет и ни го покажува моментот во кој луѓето од бродот му помагаат на Ромуалд да излезе од замрзнувачот и да се качи на суринамскиот брод.

Откако добил прва помош при враќањето на брегот, Ромуалдо бил уапсен од локалната полиција и 16 дневен притвор во затвор во Парамарибо. Зборувајќи за овој бизарен случај, полицаецот Луис Карлос Порто рекол: „Беше многу слаб, но добро расположен. Раните што ги имаше на телото, а кои беа поврзани со сонцето, веќе беа во многу подобра состојба. Рече дека има проблеми со видот поради високите температури со кои се справувал, солта и светлината, но е потполно мирен и со добро здравје“.


На крајот, на Ромуалдо му беше дозволено да се врати во својот дом. Тој изјави: „Се чувствував како да сум повторно роден. Мислев дека ќе ме нападнат ајкули, бидејќи има многу љубопитни риби во длабоките океански води“. Сеќавајќи се на моментот кога бил спасен, Ромуалдо рече дека не можел да им верува на своите очи: „Слушнав бучава и видов брод. Но, мислеа дека замрзнувачот е празен додека не се приближија. Ги кренав рацете и побарав помош“.

За време додека бил во море, Ромуалдо изгубил пет килограми и бил неверојатно дехидриран, но сепак благодарен што имал замрзнувач кој му го спасил животот. „За мене најголемиот проблем беше жедта“, објаснува Ромуалдо и додава: „За мене овој фрижидер беше како Бог“. Вистинско чудо.