Рибата која нема противник
Изобилството на бои потсетува на раскошот на рајските птици, самата форма на некоја прапра риба или како оние од научно- фантастичните филмови. Но човек да се наеѓи од помислата да го допре овоа суштество. А, оние кои прв пат ја запознаваат или ја гледаат инстинктивно, чувствуваат дека од неа прети само опасност. Биолозите, кои ја нарекуваат Pterois Volitans, ја сметаат за најубава, но исто така и најопасна членка на животинското кралство.
Дури и најискусните тропски нуркачи на корали е скриваат од оваа риба. И, не е ни чудо, бидејќи нејзиниот систем за напаѓање во одбрана е повеќекратен. Како прво, има отровни боцки на грбот и стомакот што ги користи како исклучително смртоносно оружје. Нападот е најдобрата одбрана! Ова е јасно и за оваа риба, бидејќи веднаш штом се приближи до опасна близина, ја напаѓа со широко распространетите боцки. 'Рбетот и е долг и тврд, поврзан со ткиво од мрежа, полно со отровни жлезди: кога боцкатаја прободува жртвата, испушта отров од жлездата и го вбризгува во телото на жртвата.
И самиот раскош на нејзината боја е ефикасно оружје, особено против малата риба со која се храни. Малата риба, иритирана од боите, паѓа во стапицата на широко распространети перки и боцки. Обликот на телото оптички се топи со сјајот на бојата и едноставно станува невидлива за жртвите.
Сепак, за поголемите предатори, тие бои се сигнал за опасност, па затоа го избегнуваат. Pterois Volitans тешко се предизвикуваат во дуел. И воинствените противници стануваат полни со почит пред неа но на безбедно растојание. Отровот и е многу силен и усмртува брзо. Опасна е и за човекот.