Ризичен, ама во центар на внимание: Стилот на Александар Кирацовски
Некои од нашите политичари видно се трудат да изгледаат стилски добро и усогласено. Други немаат поим какви се костумите кои ги носат, дали се летни или зимски, со големи или мали јаки, широки или тесни…
Политичарот Александар Кирацовски е некаде помеѓу. Неговиот стил на облекување е монотон и модерен истовремено, но без разиграност со модни детали и без боја…
Во неколку негови изданија изгледа убаво, со скап струкиран костум кој визуелно го прави слаб и со соодветно одбрана кошула, ама во останатите негови прикажувања има моменти кога фармерките му се претесни или пак широки.
Ретко ќе го видиме со вратоврска, која сепак е составен дел од облеката на политичарите. Она што е најризично кај него е горниот дел, односно сакоата кои според неговата конституција треба да бидат над задникот, а не долги.
Кожените палта нека ги остави за приватните моменти, а елеците кои често ги има на себе да ги заборави бидејќи такви рапидни модни скокови се недозволени.
Но, скоро секогаш остава впечаток дека му е пријатно во тоа што го носи и на некој начин му е забавно. Како да сака да биде во центар на внимание.
Сето тоа е убаво, само за во иднина препорака за неговиот стил се кошули во светли бои кои се суптилно широки, балансиран горен и долен дел, елеци само за во природа и секако, убави елегантни чевли.
Н.T.