Рокси, сопругата на Флојд во солзи застана пред новинарите: Нашата ќерка повеќе нема татко...
Покојниот Џорџ Флојд беше татко на шестгодишно девојче, Џијана. Нејзината мајка Рокси Вашингтон вчера одржа прес-конференција каде ја отвори душата. Ќерката беше со неа.
"На крајот на денот, сите се враќаат во своите семејства. Џијана повеќе нема татко. Никогаш нема да ја види како расте, оди на матурска. Никогаш нема да ја однесе до олтарот. Ако има проблем, нема татко на кого може да му се обрати." Вашингтон го започна својот говор пред новинарите. Плачеше, а ќеркичката стоеше незапирливо покрај неа.
Немирите беснеат во САД од минатата недела околу убиството на Афро- американецот Џорџ Флојд во Минеаполис. Полицаецот Дерек Шовин, го притисна со коленото на вратот скоро девет минути додека Флојд не издиша.
Независна обдукција, побарана од семејството на Флојд, покажа дека Флојд е задушен. Шовин беше отпуштен, уапсен и обвинет за несовесно убиство, додека тројца негови колеги, кои го апсеа Флојд, исто така беа отпуштени од полицијата. Семејството на Флојд бара посериозно обвинение за Шовин.