САД го затаиле судирот на подморница со ТИТАНИК
Минатата година подморница ја погоди светски познатата руина на „Титаник“, но американската влада ги чуваше тајните информациите за инцидентот, се вели во судските записи.
Американските власти не објавија дека подморницата од 35 милиони долари, ангажирана од британска компанија, удрила во потонатиот брод, пренесува „Телеграф“.
Водачот на експедицијата признал сè
Водачот на експедицијата призна дека подморницата Тритон ги погодила остатоците од „Титаник“ во јули минатата година кога ја загубил контролата врз подморното возило заради „исклучително силна и многу непредвидлива струја“. Тритон потоа се приближил кон потонатиот брод за тим од авантуристи да фотографираат нови фотографии од „Титаник“.
Ова е прв познат судир на подморница со историскиот „Титаник“ откако потонатиот руина е пронајдена во 1985 година.
Компанијата за авантуристички патувања ЕИОС го потврди инцидентот, но рече дека не се случиле значителни штети на остатоците при судирот. Сепак, експертите предупредуваат дека какво било дополнително оштетување на структурата на Титаник може да предизвика да се влоши уште побрзо целата конструкција која и онака е многу кревка.