Само минута до 12: Одлуки во последен момент што го сменија целиот тек на историјата
Една минута не е многу време во секојдневниот живот, но за само 60 секунди сè може да се промени, животите можат да се создадат или уништат, битките можат да бидат изгубени или да се победи.
Дали верувате ако некој ви рече дека само еден збор може да инспирира револуција или дека историјата може да се промени кога ќе се вратите од годишен одмор? Може! „Bordterapi“ направи список на одлуки што беа донесени во последната минута, а по што светот веќе не беше ист.
Атентат на Линколн
Претседателот Абрахам Линколн за малку немаше да присуствува на посетата на „Форд театарот“ на 14 април 1865 година, откако Улис Грант и неговата сопруга Мери - гости на Линколн во текот на вечерта - се откажаа од заминувањето во последната секунда. Сепак, Линколн рекол дека се очекува од него да биде таму. Останатото е историја.
„Бомбардирањето на Хирошима“
Кокура, град во Јапонија, беше една од целите на нуклеарниот напад на САД врз Јапонија. Како што бомбардерите се приближувале, сфатиле дека е премногу облачно за да летаат и го насочија нивниот напад кон Нагасаки.
„Падот на Берлинскиот Ѕид“
Лидерите од Источна Германија се обидоа да ги угаснат протестите што избувнаа, ги олабавија граничните контроли, но промените требаше да бидат незначителни. Начинот на кој беше објавено го смени текот на историјата. Белешките со новите правила беа предадени на портпаролот на Централниот комитет на Политбирото на Источна Германија, Гинтер Шабовски, кој немаше време да ги разгледа пред прес-конференцијата.
„Приватните патувања во странство сега можат да се применат без никакви предуслови“, рече тој и ги изненади новинарите кои побараа повеќе информации.
Поминувајќи низ белешките, Шабовски рече дека колку што знае, ова влегува во сила во моментот и требало да биде следниот ден со детални упатства за аплицирање за виза. Но, вестите ги пренесуваа сите телевизиски станици и немаше враќање назад.
"Имам сон"
Мартин Лутер Кинг не планирал да го даде својот славен говор „Имам сон“ во кој тој повика на расната рамноправност и ставање крај на дискриминацијата. Дури кога пејачката Махалија Џsексон извика „раскажувајте им за сонот“, додека тој зборуваше, Кинг во моментот ги изговори легендарните зборови.
"Пионер меѓу антибиотици"
Додека д-р Александар Флеминг се подготвувал за одмор во 1928 година, тој случајно заборавил да ги исчисти своите садови за експерименти, кои биле наредени на неговата маса. Кога се вратил, забележал дека врз нив се формирала мувла, која убила повеќето од бактериите, па затоа создал пеницилин.
„План за бомбардирање“
Во услови на тензии меѓу Соединетите држави и Северна Кореја во раните 90-ти, секретарот за одбрана Вилијам Пери смисли план за бомбардирање за да го исплаши непријателот. Стравувајќи дека војната ќе избувне од сите страни, Пери го откажа планот во последната секунда и двете држави направија примирје.
"Лажен аларм"
На 26.09.1983 година, рускиот нуклеарен систем за рано предупредување откри нуклеарен напад од Соединетите држави, полковникот Станислав Петров требаше да се одмазди, но тој веруваше дека станува збор за лажен аларм, па затоа не врати со оган. Ова подоцна се покажа како вистина, што му даде признание на Петров дека спречил нуклеарна војна.