Само вечерва: СУПЕРМЕСЕЧИНА, но со посебно значење
Денеска, 9-ти март, ќе се појави третата полна Месечина во 2020 година, а исто така и првата Супермесечина.
Тоа е всушност полна месечина што се појавува во моментот кога Месечината е најблизу до Земјата. Кога Месечината е во таа позиција, изгледа посветла и поголема од стандардната полна месечина.
На пример, Индијанците не бележеле време со тоа што ги користеле месеците на нашиот календар, но племињата ѝ давале на секоја полна месечина прекар за да им помогне да ги следат сезоните и месеците.
Едно од најпопуларните имиња за полна месечина во март е „Worm Moon“ или „Месечина на црвот“. Тоа е последната полна месечина во „нашата“ зимска сезона, во март, и го добила своето име затоа што времето станува потопло, па од земјата излегуваат црвите и ја „обработуваат“ земјата, со што ја подготвуваат за првите земјоделски работи, најавувајќи дека е конечно пристигна пролетта.
Кога е најдобро време да ja видите?
Оваа полна Месечина ќе се појави полна од самракот до зората од 8-ми до 9-ти март (понеделник). „Најполн“ ќе биде во 18:47:44 часот во понеделник. Гледајќи ја најсветлата месечина досега од годината, можете да ѝ посакате рано добредојде на пролетта.
Експертите велат дека 2020 година е навистина посебна во однос на небесните феномени, а особено, во април, Супермесечината ќе биде уште „поспектакуларна“. Во април, полната месечина ќе се нарекува и „розова месечина“, а името доаѓа од розовите цвеќиња кои цветаат во рана пролет.