Се чита за 30 секунди, но лекцијата ќе ве натера да ја паметите цел живот!
Фото: pixabay.com
После оваа приказна, ќе бидете повнимателни со вашите зборови
Некогаш оддамна, еден старец ширеl гласини дека неговиот млад сосед е крадец, за што младиот човек бил уапсен. Неколку дена подоцна се докажаlo дека младиот човек не е виновен. Кога бил ослободен од притвор, младиот човек решил да го тужи старецот за лажни обвинувања.
Старецот на суд рекол: „Ова се само коментари. Никого не повредив“.
Пред пресудата, судијата му рекол на старецот: „Напишете сè што сте кажале за младиот човек на парче хартија, а потоа искинете ја хартијата на парчиња и фрлете ја низ прозорецот на автомобилот на пат кон дома. Утре вратете се во судницата и ќе ја слушнете пресудата“.
Следниот ден, пред изрекувањето на пресудата, судијата му рекол на обвинетиот: „Пред да ја слушнете пресудата, сакам да излезете надвор и да ги земете сите парчиња хартија што вчера ги исфрливте од прозорецот на вашиот автомобил“.
Старецот рекол: „Не можам да го сторам тоа. Ветрот ги однесе и не можам да ги најдам“.
Тогаш судијата рекол: „На ист начин, едноставните зборови и коментари можат да го уништат угледот и честа на друга личност до таа мера што повеќе не може да се санира. Сите ние треба да бидеме господари на нашиот јазик, за да не бидеме робови на нашите зборови. Озборувањето е полошо од крадец, бидејќи го краде достоинството, честа, угледот и кредибилитетот на друга личност, што е невозможно да се врати. Затоа, запомнете го ова: Кога стапалото ќе ви се лизне, лесно е да се вратите во рамнотежа, но сè што ќе кажете не може да се повлече затоа што веќе е кажано! “