Се истепаа 3 жени за тоалетна хартија, во паника поради коронавирусот
ПАНИКA поради коронавирусот пристигна и во далечната Австралија, каде во општа навала на складирање залихи на домашни работи, три жени се испотепаа за тоалетна хартија.
Откако поминале неколку часови чекајќи да се отвори супермаркет, една мајка и ќерка започнале да ги полнат количките со тоалетна хартија, а проблемот се појавил кога една жена се обидела да земе од кошницата едно од пакувањата, пренесува „Дејли мејл“.
Персоналот на продавницата ги раздели и повика полиција. Полицијата успеа да идентификува една од жените во записникот, додека другите две жени сè уште се пребаруваат.
„Нема потреба од тоа. Не сме во филмот Лудиот Макс. Насилството нема да се толерира, секој што постапува на овој начин го крши законот и ќе заврши на суд“, рече инспекторот Ендру Нов од локалната полиција, повикувајќи ги луѓето да бидат мирни.