Сè изчезна преку ноќ: Бобан Живоиновиќ за огромниот пожар
Поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ по својата спортска кариера се сврте кон бизнисот, а во сето тоа му помага неговата сопруга, музичката дива Лепа Брена.
Имено, тој сега раскажа како е создадена познатата „Гранд“ продукција, на чело со Брена и Саша Поповиќ.
- Ја основав продукцијата „Гранд“ за две недели, но во тоа време веќе имав база, со заработените пари. После неколку месеци, нашето студио изгоре, сè што вложивме преку ноќ исчезна. Тоа беше страв и ужас. Да гледате пред свои очи како ви гори нешто во кое сте вложиле, а да бидете беспомошни. Но и покрај загубата, јас не се откажав. Тогаш Саша Поповиќ дојде кај мене и ме праша што ќе правам понатаму, а јас му реков дека ќе го направиме уште подобро и поголемо, што така и се случи. Морам да му оддадам почит на Саша, тој заврши одлична работа во медиумите - рече Боба во едно интервју и потоа се осврна на неговиот брак со Брена.
- Јас сум сопруг на Лепа Брена цел живот. Дури и кога бев мал, мајка ми ми пееше песни од Лепа Брена и така заспав - се пошегува Живојиновиќ.
- Жената е глава на куќата и Брена го знае тоа. Уживаме, се сакаме, се почитуваме. Бидејќи сето ова што се случи со короната ние буквално поминуваме 24 часа заедно. Нашата врска стана уште посилна. Во бракот мора да има почит и компромис - додава тој.
Живојиновиќ посочува дека семејството е негов најголем успех, но и дека е многу тешко да се одржи брак во денешно време.
- Семејството е мојот најголем успех во животот. Тоа е најсветлата работа што може да се доживее. Мојата желба беше да создадам такво семејство, да споделуваме љубов и почит едни со други. Специфични сме, секој има своја слобода, но повторно на крајот кога ќе се прегрнеме како семејство, тоа е тоа - рече Боба.
- Одржувањето семејство денес не е воопшто лесно. И Брена и јас бевме одлични и и зградени личности кога се сретнавме - рече тој во една емисија.
Иввор: Ало.рс