Се молам да стасам дома на матурата на ќерка ми: Ѓоко Хаџиевски од Емиратите
Сегашната состојба со ширењето на коронавирусот во Обединетите Арапаски
Емирати поремети многу планови за нашиот најтрофеен фубалски тренер Ѓоко
Хаџиевски. „Ги поремети плановите за завршетокот на првенството, а ми ги
поремети моите и приватни планови“ ни изјави Хаџиевски од Емиратите, кој е
тренер во фубалскиот клуб „Емиратес клуб“ во Рас Ел Хајма.
„Мојата сопруга Тања и најмалата ќерката Катја требаше да дојдат тука на 10 април. Првенството требаше да заврши на крајот на април, и заедно со сопругата и со ќерката да се вратиме дома, во Скопје. Но, и тие планови се пореметија. Сега е сè одложено, плус, затворени се границите, и не знае до кога ќе трае сево ова. Премногу е комплицирано. Сепак, сите треба да ги гледаме приоритетите, целата оваа криза да се заврши мирно и да се намали бројот на инфицирани, да се укинат санкициите и да почнеме нормално да живееме. Сè до тогаш, не можеме да правиме никакви планови“, ни раскажа Хаџиевски од Емиратите.
* Хаџиевски со најстарата ќерка Стефанија и со внуката Алексија
Состојбата во ОАЕ вели Ѓоко, е слична како кај нас, освен што не се затворени рестораните и кафе-баровите.
„Овде не доаѓаат толку интензивно предупредувањата и вестите не се следаат на секои пет минти како кај нас. Има инструкции кои луѓето треба да ги почитуваат и да ги следат, да се однесуваат како што е наложено. Се живее нормално, освен што во спортските екипи и во фирмите не се оди како порано на работа, од дома се извршуваат сите работи. Фудбалската федерација на Емиратите го прекина првенството на еден месец. Ние можеме повремено да се собереме на некој тренинг, но во основа играчите имаат задача да го одработат тренингот онолку колку што им е дадена задача од нас тренерите. Преку whatsapp испраќаат пораки на која локација и каде тренираат, со колкав интензитет и сето тоа го потврдуваат со часовници со кои се мери интензитетот и должината на работата. Не одиме на трениг, додека не дојдат поволни вести од државните институции. Не се затворени рестораните, кафе-баровите и хотелите, затворени се поголемите молови, или некои места што се најпосетни кои ги посетуваат туристи од целиот свет, најпознатите места не работат“, ни изјави Хаџиевски.
* Хаџиевски со колегите од ЕмиратитеПознатиот тренер вели дека во ОАЕ не се шири голема паника затоа што се преземни сите мерки против ширењето на коронавирусот, откако се прекинати сите јавни настани.
„Се надеваме дека ако заразата не се шири, првенството ќе продолжи и порано од тој еден месец колку е што планирано да паузира. Јас не верувам дека оваа состојба ќе трае долго и би бил среќен ако можам во јуни да се вратам дома, барем на кратко, или во најдобар случај во мај. Ќерка ми Катја е матурантка, и би бил хендикепиран ако не сум дома на еден таков важен ден со неа и со сите мои најблиски, се молам да стасам на матурата на ќерка ми. Сакам да ги видам малите, Стефи, Андреа, Тања, сите мои најдраги, но го молиме Бога сето ова побрзо да се заврши“, додава Ѓоко.
* Најмалата ќерка на Хаџиевски, Катја со внукот ГеоргТој и неговата сопруга, др. Тања Хаџиевска имаат три ќерки. Стефанија, Андреа и Катја. Стефанија е мајка на најстариот внук Георг, кој според фудбалскиот талент и резултатите кои ги покажува во подмладокот на ФК Вардар ќе го наследи дедо му. Неговата помала сестра е Алексија.
Средната ќерка Андера е мажена за познатиот фудбалер Филип Спасески и се
родители на близнаците Алекс и Сандро.
* Ѓоко со внуците, близнаците Алекс и Сандро
„Сега се слушаме и се гледаме секој ден по неколку пати со семејетсвото на повеќе интернет апликации. Јас од Македонија речиси сè знам, исто како да сум таму. Овде ги следам сите домашни телевизии и следам сè што се случува“, ни раскажа Хаџиевски и додаде дека оваа приказна би сакал позитивно да ја заврши.
* Хаџиевски со сопругата Тања, со ќерките, внуците и со зетот
„Она со што би сакал да завршам е дека направивме навистина позитивни фудбалски резултати. До сега не се памети во првенството на втората лига некој така убедливо да избега и да е на чело на табелата како ние. Триумфално влегуваме во првата лига. Презадоволни се сите во градот и во клубот, и правиме планови за наредната година, за првенството во првата лига. Уште еднаш велам, би бил пресреќен ако се заврши сето ова мирно, да ја прославиме титулата, да одам на одмор, па потоа да се подговтам за новата сезона, во првата лига“, ни изјави познатиот тренер.
Милица Џаровска