Се сеќавате на него- сите го имаа во Југославија: Денес ако го чувате, може да заработите добро
Малиот кружен црно-бел телевизор беше дел од секоја тинејџерска соба во Југославија.
Телевизорот во боја, кој можеше да работи и на батерии и на струја, беше откровение за луѓето што живееја во Југославија.
Здодевните гломазни тешки кафени или обични црни телевизори беа прескапи и премногу гломазни за во детските соби. Но, затоа еден мал уред во црвена, бела, сина или жолта боја беше се што сакаше еден тинејџер.
Овој телевизор пристигна од Искра во Словенија во 1973 година. Преносливи ТВ приемници Искра ТВ31 - МИНИРАМА наскоро го преплавија пазарот.
Малиот кружен телевизор на Искра е дел од многу убави спомени
Цврстата, заоблена пластична кутија со екран од 31 сантиметар и тежина од само 7,5 килограми можеше да се купи во црвена, бела, сина, портокалова или жолта боја.
Водачот на инженерскиот тим Јури Бутина е одговорен за создавањето на Минирама, а Борис Розман беше задолжен за дизајнот. Се продаваше во Алжир, а се извезуваше во земјите од Блискиот Исток.
Денес, на огласите можете да најдете мал број од овие ТВ приемници, а нивната цена се движи од 200 до 400 долари.