Сè што не ме убива ме прави посилен - рече Ниче, полуде и почина
Кога душата ќе огрубне...
„Сè што не ме убива, ме прави посилен!“ - така рече Ниче, потоа се полуде, и потоа почина.
Да, ова се убави зборови, но тие не се вистината. Сè што не нè убива веднаш, нè убива малку по малку, незабележливо.
Ја убива нашата љубезност и лековерност. Нежност и искреност. Отвореност, великодушност, чист поглед и меко срце...
Измама, предавство, подлост, неблагодарност, суровост, неправда може да не ве убијат веднаш, туку капка по капка... Издржете еднаш, издржете друг пат, но лузната создава груба кожа.
И можеш да се тешиш со зборови, јас сум посилен после ова! Да! Но, во душата ви пукнала една жица и замолкнала едно ѕвонче. Добра самовила или мал ангел починал во вашата душа.
И сега точно знаете како да одговорите на удар, на злобна мисла, груб збор - вие сте станале груби.
И повеќе не сте благодарни, сега сте навикнати на грубост. И станувате посилни, но на штета на другите.
Сè што не нè убива, едноставно не нè убива веднаш, но постепено нè убива. И веќе не сме ние, ние, туку некое грубо суштество, некој друг...
извор: Ana Kirianova/stil.kurir.rs
фото: Profimedia