Се сними како ги мести големите гради: Поради нив има проблеми (ВИДЕО)

Многу жени кои имаат големи гради знаат колку е стресно секојдневно да се соочуваат со истиот проблем. Некои од нив дури не можат да спијат на стомак, не носат претерано деколтирани работи, имаат потешкотии во трчањето и при секое вежбање, а и бројни здравствени проблеми како болки во грбот и по целиот рбет.

Многу луѓе добро го знаат проблемот со закопчување на облеката и наоѓање облека воопшто кога имаш големи гради.

ТикТокерката Келс е само една од дамите кои патат од бујни гради.

- Градите почнаа да ми растат многу кога имав само 10 години. Беше доста интересно да имам гради во тој период, додека ниту една другарка немаше. Кога сите се прашуваа дали нивните гради ќе се помрднат од мртва точка, јас веќе пазарев за мојот прв градник. Кога пораснав и сфатив дека имам огромни гради кои ми се голем проблем, тоа веќе не ми беше воопшто интересно – го започна своето искуство оваа девојка на TikTok.

Оваа девојка, која на TikTok ја следат повеќе од 137.000 луѓе, цел живот ја мачат градите и објаснува:

- Никогаш не можам да одам никаде без градник, а го мразам преку лето. Сепак, голем е бројот на маички кои имаат отворен грб и кои би сакала да ги носам во топлите денови, без линија на грбот и без непотребно стискање и потење на високи температури. Пробав сè, но ништо не беше поефективно од оваа лента што ја нарачав преку Амазон бидејќи ми беше најевтина - објаснува Келс и ја покажува лентата со која се завиткува, поточно со која ги крева градите.

- Ја користам оваа лента која изгледа како фластер, треба да се нанесе директно на голото тело. Но, ако ги ставиш фластерите директно на телото без туфери, многу ќе боли кога ќе го извадиш. Значи прво туфери, а потоа лепенката. 

ВИДЕО:

@litpls Hopefully this helps #tutorials #womentutorials #chestsupports #taping #chesttutorials #litpls #storytime #shame original sound - Kels

Нејзиното видео на TikTok доби илјадници прегледи, а жените од целиот свет не можеа доволно да ѝ се заблагодарат.

Една жена дури напиша дека нејзините гради се толку големи што потрошила цел пакет од овие прерамки на едно носење.


извор:krstarica.com