Секогаш памети дека јас и Тања сме ѝ ќерки: Лидија Кочовска за борбата на нејзината мајка со Алцхајмеровата болест
Сестрите Лидија и Тања Кочовски, поминуваат тежок период, исполнет со тага и болка, но и голема борба. Нивната мајка Невена боледува од Алцхајмер, болест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање. Карактерот на болеста полека го уништува не само болниот, туку и неговото семејство. Првите симптоми на деменција нивната мајка ги добила пред пет години, а од неодамна состојба е многу влошена.
- Најтешки се миговите кога ќе стане агресивна. Во една ситуација сакав да ја смирам, но ме турна и паднав на подот. Исто така мора постојано да се внимава да не побегне. Кога ќе реши да излезе, никој не може да ја сопре. Потребни се многу нерви и трпение, но и многу љубов, за да ѝ помогнеш да се смири во тие мигови. – вели Лидија.
Алцхајмеровата болест ја нарекуваат убиец на сеќавањата. Болниот доаѓа до ситуации кога не ги препознава најблиските.
Целиот текст на Женски магазин