Сезоната на скијање е во полн ек, дали се осигуравте од повреди и останати ризици?

Снежните врнежи ги израдуваа љубителите на зимските спортови. На Попова Шапка веќе има снежна покривка од 60 сантиметри, што е одлична вест за скијачите.

Но, зимските спортови, како скијањето, сноубордот или санкањето носат и одредени ризици.Од тука од СН Осигурителен брокер АД Битола препорачуваат соодветна осигурителна полиса со која зимскиот активен одмор ќе помине без непријатни изненадувања.

Имено, ризиците од повреди при практикувањето на зимски спортови се предвидени во осигурителните пакети кои што се нудат како покритие од незгода при зимски спортови на отворено.

„Авантурите на снег се атрактивни, но секако може да дојде и до несакани случки, незгоди или повреди. Незгодите не можат да се предвидат, но доколку имате соодветна полиса за осигурување извесно е дека може да се заштитите од непредвидени трошоци кои што можат да произлезат од ваквите незгоди.“- вели Мирослав Затараковски, раководител на подружница на СН Осигурителен Брокер во Скопје.

Поради тоа што се практикуваат на отворено во зимски услови на снег, односно на лизгав терен, зимските спортови носат ризик од несакани повреди како што се исчашувањата или скршениците. Доколку тоа се случи извесни се и трошоци за медицински третман и лекување. Затоа, најдобро е уште додека се планира одењето на планина или во некој од зимските скијачки центри да се обезбеди и осигурување кое обезбедува покритие за зимските спортови, како што е осигурувањето од дополнителни ризици од спортска незгода и Ски-пакетот, вели Затараковски.

Со дополнителното осигурување од спортска незгода се осигуруваат спортисти за времено учество на подготвки, тренинзи и натпревари, што се одржуваат во странство, во организација на спортски здруженија и други правни лица регистрирани за спортска дејност.

Како спортска незгода се смета секоја незгода настаната при спортување на осигуреникот за време на подготовки, тренинзи или натпревари и има за последица телесна повреда односно нарушување на здравјето на осигуреникот што бара лекарска помош или смрт на осигуреникот.

„Ски пакетот предвидува покритие за сите зимски спортови скијање, хокеј, санкање, боб санкање, ски тркање, ски скокање и сноуборд и доколку со истите  се занимавате исклучиво аматерски. Со овие два дополнителени пакети се опфатени сите ризиците кога одите на зимување.“- вели тој, додавајќи дека ваквите пакети се потребни бидејќи патничкото осигурување само по себе нема покритие за повреди настанати при дополнителни ризици, како што е скијањето и затоа е потребно да се направи полиса со вклучени ризици спортска незгода и ски пакет.

Инаку, ски пакетот ги опфаќа и ризиците од затворање на терените, како и настанување лавина или слегнување на земјиштето. Притоа, се надоместуваат екстра трошоци за транспорт и сместување ако настане лавина или слегнување на земјиште на местото на зимување, при што пристигнувањето до местото на зимување е со задоцнување од повеќе од 12 часа.

Воедно, пакетотпредвидува и изнајмување на ски опрема во случај на доцнење, губење или кражба на ски-опрема, односно скии, чевли, штеки или скиборд, при транспорт до 200 евра.

„Со овој пакет се надоместува за секој ден изнајмување на ски опрема и доколку и сопствената опрема е привремено изгубена при пристигнување до местото назимување повеќе од 12 часа, или ако при патувањето истата е изгубена или украдена. Исто така се надоместуваат трошоците за неискористениот дел од ски часовите, во што спаѓаат трошоците за изнајмување скии, ски лекции и ски карта, ако настапи болест или повреда додека осигуреникот е на зимување.“-вели Затараковски.

Тој појаснува дека подетални информации можат да се добијат во секоја од вкупно 42 подружници на СН Осигурителен брокер АД Битола низ цела Македонија или на телефонските броеви 078 853 859 и 15 770.


ПР објава