ШОК: Жена се намачи со паркирањето и остана во шок од постапката на дамата која ѝ помогна (ВИДЕО)

Жената во „Фолксваген Пасат“ се воодушеви кога го виде слободниот паркинг, но немаше поим дека тоа ќе стане многу тешка задача за неа.

Бочното паркирање е мисија невозможна за многумина, а особено со него со намачи една жена -возач, обидувајќи се да паркира странично на патот помеѓу два автомобила.

По неколку обиди, во еден момент излезе од возилото за да измери дали нејзиниот автомобил воопшто се вклопува во местото каде што се обидува да се паркира. Кога го потврди тоа, се обиде повторно да паркира, но повторно без успех.

Во тој момент и пријде друга жена и реши да и помогне. Жената и даваше инструкции на дамата која возеше, односно паркираше како да паркира и на крајот успеа. Кога се паркира, дамата-возач излезе од автомобилот и топло ја прегрна жената што и помогна.

Но, откако паркира, жената која и помогна влезе во автомобилотавтомобилот зад кој возачот претходно се паркира и се оддалечи, оставајќи многу поголем простор за паркирање. Жената-возач на „Пасат“ само збунето ѝ мавташе додека поминуваше покрај нејзиниот автомобил. Видеото е прегледано повеќе од 1,6 милиони пати.



Фото и Видео: Youtube