„Шопинг победа“ – нова наградна игра на Халкбанк за сите корисници на мобилната апликација HalkPay
Почнувајќи од 01.11.2020 г., па сѐ до крајот на февруари, сите физички лица кои се корисници на кредитни или дебитни картички од брендот Mastercard, со секоја направена трансакција со HalkPay мобилната апликација, можат да учествуваат во големата наградна игра на Халкбанк, наречена „Шопинг победа“.
15 смартфони, 6 гармин часовници, 10 ваучери за велосипеди и еден електричен велосипед се атрактивните награди кои учесниците можат да ги добијат во едно од четирите месечни извлекувања, односно по 5 смарт телефони на трите месечни извлекувања на 3 декември, 12 јануари и 3 февруари и сите останати награди на главното извлекување на 10 март 2020 година.
„Од самото лансирање на мобилната апликација HalkPay во јули оваа година, интересот за нејзино користење е навистина голем, за што говорат и големиот број преземања. Оттука, нашата цел беше на клиентите дополнително да им понудиме и вредни изненадувања за услугите на Халкбанк што и онака ги користат, особено во ова време на неизвесност, кога готовинското плаќање е сведено на минимум, а безготовинските трансакции и дигиталните услуги земаат сѐ поголем замав. Правилата за учество се навистина едноставни, односно сѐ што е потребно корисникот да направи е валидна трансакција со дигитализирана картичка со мобилна апликација HalkPay на кој било ПОС терминал што поддржува бесконтактно плаќање“, изјави Маја Наумовска Савеска од Дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Повеќе информации за наградната игра „Шопинг победа“ се достапни на: https://www.halkbank.mk/kako-da-ucestvuvam-halkpay.nspx
ПР објава