Шпаркасе Банка и „Светот на Биби“ со заедничка мисија – финансиска едукација за најмладите

Шпаркасе Банка АД Скопје, како дел од групацијата Штаермеркише Шпаркасе со 200 години традиција, продолжува да ја гради својата мисија за финансиска едукација и поддршка на заедницата. Во таа насока Банката започнува нова соработка со „Светот на Биби“, преку проектот „Медената авантура на Биби и Боби“, кој има цел на најмладите да им ја доближи темата за штедењето на забавен и едукативен начин.
Во рамките на овој проект е изработена детска едукативна сказна и сликовница, каде преку авантурите на четирите ликови – Медо Штедо, Медена, Биби и Боби – децата ќе учат за важноста на штедењето како навика која гради генерации што ќе бидат финансиски стабилни и едуцирани за да донесат правилни финансиски одлуки во иднина.
Шпаркасе Банка активно инвестира во финансиска едукација преку организирање предавања и работилници низ целата држава. Само во месецот на штедење – октомври оваа година, банката заедно со својот тим експерти и интерни екдукатори, ќе едуцира повеќе од 4.000 деца на предшколска и рана школска возраст, помагајќи им да изградат здрави навики за одговорно управување со парите.
„Како банка со двовековна традиција во штедењето, нашата мисија е да ја пренесеме вредноста на финансиската едукација и сигурноста што ја нуди штедењето на сите генерации – од најмладите до возрасните клиенти. Веруваме дека грижата за иднината започнува денес, и затоа вложуваме во проекти како „Медената авантура на Биби и Боби“, кои преку игра и едукација им помагаат на децата да ја сфатат важноста на штедењето.“, изјави Ивана Петревска, директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка.
„Светот на Биби“ е домашен бренд кој преку приказни и ликови веќе освојува интернационални пазари, инспирирајќи деца ширум светот да учат и растат преку игра.
„Нашата мисија со „Светот на Биби“ отсекогаш била преку забава и приказна да им помогнеме на децата да учат важни животни вредности. Со „Медената авантура на Биби и Боби“, ќе им ја доближиме темата на штедењето на начин кој е близок и разбирлив за нив. Драго ни е што Шпаркасе Банка, како банка со традиција и сигурност, ја препозна важноста на оваа мисија и заедно ја носиме оваа авантура до најмладите.“, изјави Стојче Коко Ѓорѓиев, ко-креатор на „Светот на Биби“.
Со оваа соработка, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата улога како сигурен и општествено одговорен партнер кој инвестира во иднината на заедницата. Дополнително, со секој отворен детски депозит за штедење во месеците октомври, ноември и декември, децата ќе ја добијат на подарок едукативната сказна „Медената авантура на Биби и Боби“, која ќе им помогне на забавен начин да ги научат вредностите на штедењето.
ПР објава