Што треба да знаат фирмите и другите правни лица што имаа свои сметки во Еуростандард банка?
Откако Народна банка вчера ѝ ја укина дозволата за работа на Еуростандард банка и е исклучена од правниот промет во земјата и странство, фирмите нема да можат да ја користат својата сметка во банката.
Што треба да знаат фирмите и другите правни лица што имаа свои сметки во Еуростандард банка.
Еве која е пораката до нив од Народна банка.
„Од причина што на Еуростандард банка АД Скопје ѝ е укината дозволата за основање и работење и е исклучена од платниот промет во земјата и странство, нема да бидете во можност да ја користите вашата сметка во Банката.
Ако имате сметка во друга банка, со цел за непречено деловно работење потребно е да ја користите таа сметка. Претходно, потребно е да ја контактирате банката во којашто е отворена сметката (преку е-пошта или преку телефонскиот контакт-центар) за да се информирате дали е потребно да ги ажурирате вашите податоци.
Доколку немате сметка во друга банка, потребно е да отворите сметка во некоја од останатите банки во земјата, по Ваш избор.
Со цел непречено да остварувате парични приливи во иднина, препорачуваме сите правни и физички лица со кои имате деловна соработка, писмено да ги известите за промената на сметката на правното лице, при што ќе ги наведете бројот на сметката и банката во која таа е отворена“, советуваат од НБМ.
За оние фирми, пак, што имаат депозити во банката, НБМ известува дека побарувањето по основ на своите депозити во Банката, депонентите-правни лица ќе може да го остварат од стечајната маса на Еуростандард банка, а се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката.
„Нема потреба да поднесувате посебно барање или да го пријавите своето побарување по основ на депозит од стечајната маса на Банката“, нагласуваат од централната банка.
Текстот е преземен од Фактор