Сигурен сум дека имав претходен живот: Случајно најдов слика стара 117 години, а потоа клопчето почна да се одмотува
Сличностите се неверојатни!
Мајкл Коропиќ останал изненаден и збунет кога видел црно-бела фотографија на која на прв поглед изгледа како да е тој. Дознавајќи дека сликата е од викторијанската ера, почнал да мисли дека навистина имал минат живот!
- Фотографијата ми беше испратена на Инстаграм, бидејќи некој помислил дека сум јас. Момчето на сликата има иста коса, форма на лице, нос и облека - вели 24-годишното момче од Манчестер.
Тој истакна дека, штом ја видел фотографијата, почнал да истражува се за момчето на сликата. Дознал дека сликата е стара 117 години и дека е поврзан со неа на неверојатен начин.Имено, неговата мајка отсекогаш била маѓепсана од викторијанската ера на која го посветила својот стил и начин на живот. Мајкл нагласува дека се уверил, дури кога ги открил сите информации за фотографијата, дека причината за неговата љубов кон тоа време бил неговиот минат живот.
- Никогаш не сум видел некој да личи толку многу како мене.-
Кога ја гледа фотографијата вели дека се чувствува како да ја гледа неговата неодамнешна слика. Сега сум убеден дека сум имал претходен живот. – заврши Коропиќ.
Таа фотографија потоа ја објави на својот Инстаграм профил до својата и - нема разлика!
- Лево е господин од 1905 година, а десно јас. Посебно ме фасцинира фактот што мојот двојник живееше во доба што ја обожавам. Дури и ја средуваше косата како мене. А за работите да бидат уште почудни, тој беше фотографиран на приближно иста возраст како и јас сега - објаснува Мајкл со неверување.
Дали верувате во претходен живот?