Силк Роуд Банка ќе врши исплата на априлски пензии на 24-ти април
Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека исплатата на априлската пензија ќе се врши на 24.04.2020 година (петок).
Почнувајќи од 24.04.2020 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.
Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 27.04.2020 година (понеделник), согласно распоредот направен според висината на пензијата:
·Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
·Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
·Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
·Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Имајќи ги предвид преземените безбедносни мерки во експозитурите, а со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна во банката да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.