Силк Роуд Банка ќе врши предвремена исплата на декемвриските пензии

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку банката, дека декемвриската исплата на пензиите на трансакциските сметки на клиентите ќе се врши овој петок – 27.12.2019 година.

Примателите на пензија, пензиите ќе може да ги подигнат на благајна во експозитура на банката или со картичка преку мрежата на банкомати на банката.