Силк Роуд Банка со донација на здружението за помош на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“

Силк Роуд Банка АД Скопје во рамките на своите активности за помош на ранливите категории на граѓани и групи донираше финансиски средства во износ од 184.000 денари на Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром Трисомија 21 од Скопје.

Донацијата ја поздравија претседателот на Здружението г-ѓа Јамболка Димитрова и г-дин Емил Бухов член на Управниот одбор на банката.

„Силк Роуд Банка како општествено одговорна компанија донираше финансиски средства на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ во вредност од 184.000 денари. Се надеваме дека оваа наша донација ќе помогне во остварување на целите на здружението до крајот на оваа 2020 година, а особено дека средствата ќе бидат добредојдени во време на пандемијата предивзикана од коронавирусот. Донираните финансиски средства ќе бидат искористени од страна на Здружението за ангажирање на стручно лице за дефектолошки третман на лицата со Даунов синдром. Силк Роуд Банка продолжува и во иднина со активни кампањи од јавен интерес како дел од стратегијата за општествено и одоговорно управување на банката“, изјави Емил Бухов, член на Управниот одбор на банката.

Силк Роуд Банка АД Скопје како општествено одговорна компанија веќе во неколку наврати има донирано средства и материјали за социјално ранливите категории на граѓани, а од 2018 година во соработка со Универзитетската клиника за детски болести во Скопје е носител на општествено одговорниот проект „Наша донација со секоја трансакција”.