Силк Роуд Банка со понуда за пакет на производи и услуги за правни лица досегашни клиенти на Еуростандард банка

Силк Роуд Банка излегува со понуда за пакет на производи и услуги за правни лица кои имале активни сметки во Еуростандард банка.

Пакет понудата „Силк промо“ е со 50% намалување на трошоците во споредба со постојната тарифа на банката, односно кога истите производи и услуги содржани во пакетот компаниите би ги користиле поединечно. Промотивниот период ќе важи за сите досегашни клиенти правни лица на Еуростандард банка кои ќе отворат сметка во Силк Роуд Банка во следните 6 месеци.

Пакетот „Силк промо“ ги нуди следниве можности:

1.  Отворање на трансакциска сметка за правното лице

2.  24/7 СМС услуга 

3.  Eлектронско банкарство за правни лица со можност за вршење на плаќања

4.  Visa и American Express  дебитни картички за физичко лице управител на фирмата

Корисниците на пакетот, досегашни клиенти на Еуростандард банка имаат можност да аплицираат и за:

1.  Дозволено пречекорување на трансакциска сметка на правно лице со 50% пониска провизија за исплата за примени аликации до 31.10.2020;

2.  Дозволено пречекорување со лимит од 1 плата за управителот и вработените на компанијата кои до сега примале плата преку Еуростандард банка, а ќе почнат истата да ја примаат во Силк Роуд Банка.

Дополнителни информации за пакет понудата „Силк промо“ може да добиете во некоја од експозитурите на банката или на телефонскиот број 02/3289-553.