Силк Роуд Банка со првата издадена Visa кредитна картичка во цела Југоисточна Европа

Напорната работа, посветеноста кон континуиран раст и упорноста за секојдневно подобрување на услугите, производите и корисничкото искуство е повторно препознаено од нашите соработници!

Oфицијално, Силк Роуд Банка е банката со првата издадена Visa кредитна картичка во цела Југоисточна Европа која нуди придобивка помош-дома на своите корисници!

Им благодариме на Visa за големото признание, кое за нас е важна потврда дека имаме цврста соработка заснована на меѓусебна доверба.

Нашите амбиции не запираат тука. Денес сме уште помотивирани од успехот да ги оствариме сите долгогодишни планови и цели, но и да го одржиме чекорот со сите нови глобални трендови во банкарството, финансиите и економијата.


ПР Објава