Силк Роуд Банка започна соработка со Македонско Кредитно Биро
Силк Роуд Банка и Македонско Кредитно Биро склучија договор за соработка за продажба на сопствените извештаи за физички и правни лица во експозитурите на Банката. Преку оваа соработка на Силк Роуд Банка и Македонскокредитно биро АД Скопје, Сопствениот извештај за физички и Сопствениот извештај за правни лица на МКБ ќе бидат достапни за сите клиенти во експозитурите на Силк Роуд Банка ширум земјата.
Ова значи дека граѓаните и компаниите низ целата држава ќе можат да побараат Сопствен извештај во најблиската експозитура на Банката.
Извештајот е единствен од ваков тип на пазарот кој што содржи податоци за задолженост и редовност во исполнување на обврските и тоа: обврски по основ на кредити, жиранства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.
Исто така извештајот содржи и податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време кои даваат податоци за тоа дали трансакциската сметка е блокирана или не.
Повеќе информации во врска со Сопствениот извештај можете да погледнете на веб страната на МКБ, односно на следниов ЛИНК.
Целта на оваа соработка помеѓу Силк Роуд Банка и Македонско кредитно биро АД Скопје е сите услуги и извештаи кои се нудат од страна на МКБ да бидат подостапни за клиентите на Банката и да може полесно да се увиди бенефитот од истите.
ПР објава