Силк Роуд Банка започнува со процесот на издавање на домашна платежна картичка

Согласно Уредбата на Владата на РСМ за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, Силк Роуд Банка ќе биде вклучена во процесот на издавање на домашни платежни картички.

Доколку сте корисник на финансиска поддршка и согласно со извршената проверка на веб страната www.kupuvamdomasno.gov.mk сте распределени во Силк Роуд Банка, вашата домашна платежна картичка ќе може да ја подигнете од експозитурите на банката.

Клиентите кои се распределени платежната картичка да ја подигнат од Силк Роуд Банка, потребно е да го имаат во предвид следното:

- издавањето на картичките ќе се врши преку мрежата на експозитури на Банката

- клиентите треба да се информираат во Банката од која експозитура треба да ја подигнат својата платежна картичка

- информацијата од каде треба да ја подигнат картичката може да ја добијат на телефонскиот број 02/3203-555, или пак во некоја од експозитурите на Банката

- постојните клиенти на Банката, новата картичка ќе може да ја подигнат во својата матична експозитура

- клиентите на кои Банката им отвори трансакциска сметка за оваа намена, информацијата за местото на подигнување на картичката може да ја добијат на телефонскиот број 02/3203-555.

Средствата од картичката можат да се користат со ограничено време на употреба, најдоцна до 15.08.2020 година. Средствата ќе можат да се користат за безготовински плаќања при купување на домашни производи и услуги обележани со ознаката „Купувам домашно”, како и при интернет купување на одредени домашни производи.

Домашната платежна картичка е ослободена од плаќање на било какви надоместоци и провизии до крајот на оваа година.

При подигнувањето на картичката од експозитурите на банката задолжително ќе треба да се идентификувате со важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

За сите дополнителни информации во врска со домашната платежна картичка, банката ги известува клиентите да се обратат на телефонскиот број 02/3203-555 или на телефонските броеви на експозитурите на банката.