Синот на Шварценегер ја доживеа ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ВЕКОТ за една година: Од запоставено момче до убавец по која жените лудуваат

Синот на познатиот актер Арнолд Шварценегер - Кристофер неодамна се појави на роденденската забава на неговиот брат Патрик, а неговата трансформација деновиве е главна тема на социјалните мрежи. Имено, 24-годишното момче за само една година успеа од „грдо пајче“ да се трансформира во многу згоден и убав маж.

Кристофер со години се бореше со вишокот килограми, но пред една година реши да оди на диета и да се посвети на тренинзите и здравиот начин на живот.

Тој си поставил цел да живее поздрав живот и се држеше до тоа. Почнал да вежба и да прави подобар избор на храна. Пред тоа живеел како типичен студент, но сега е пораснат и подготвен подобро да се грижи за себе.

Кристофер на својот роденден пристигна во спортско-елегантна комбинација, избирајќи сива маичка со јака, широки морнарски панталони и црни тренерки. Тој веќе ја воодушеви јавноста ова лето, кога ја придружуваше својата мајка Марија Шрајвер на прослава и кога ја покажа својата нова фигура во црн костум.

Слабеењето ја промени и неговата фигура, па дури сега можете да видите колку тој всушност личи на својот славен татко. Навистина одлична промена, нели?