Сите благодети на грозјето: Оживува, дава сила и го чува срцето

Сеедно дали го сакате повеќе белото или црно грозје, уживајте во вкусот и на едното и на другото, бидејќи се богати со витамини и минерали

Овие денови пазарите се полни со грозје. Би можеле да наброиме многу причини зошто би требало да јадете слатко, вкусно и здраво грозје, па затоа, сега е вистинско време да ја искористите богатата понуда и што поскоро да го вклучите во исхраната. Грозјето е добро за срцето, ја подобрува циркулацијата, влијае противвоспалително, го подига имунитетот, а поради својот единствен состав делува и како природен тоник за организмот. Благодарение на високиот процент на шеќер, грозјето е енергетски богата намирница. Токму поради високиот процент на шеќер, грозјето ни дава енергија, сила, го подобрува расположението и концентрацијата.


И бело и црно 
Сеедно дали го сакате повеќе белото или црно грозје, уживајте во вкусот и на едното и на другото, бидејќи се богати со витамини и минерали. Гроздов шеќер, винска, јаболкова и лимонска киселина, минерали, од калиум и магнезиум до железо и фосфор, витамините А и Ц, витамини од Б група. Сѐ тоа го содржи грозјето и уште многу други хранливи состојки, па освен што е вкусна намирница меѓу есенските плодови од природата, може да се смета и како вистинска ризница за здравје. 


Идеално за есенски диети 
Кожата на зрната грозје е полна со баласни материи како што се на пример целулозата и пектинот, поради што грозјето се смета за овошје кое го регулира варењето, го чисти организмот од отрови, и помага за излачување на водата од телото. Поради тоа грозјето е идеално за есенски диети, бидејќи влијае како природен тоник за организмот. Оптималниот сооднос на фосфорот и калциумот во грозјето влијаат поволно на метаболизмот на зглобовите и коските. Имено, зрната на грозјето изобилуваат со аноргански фосфати, а фосфорот со калциумот и магнезиумот е составен дел од сите коскени структури. Црвеното грозје содржи пигмент антоцијанин од групата билни феноли кои делуваат (слично како ликопенот од домати) како силен антиокисданс. Тие два билни пигменти му даваат црвена боја на овошјето и зеленчукот, а ги содржат и: црвениот грејпфрут, шипинките, лубеницата, малините, јагодите, црвената зелка.


Во сезоната грозјето е најдобро да се јаде свежо, па треба да се искористи времето на берба на грозје кога навистина го има во изобилие и по достапни цени. Многубројни се можностите за подготовка на грозје, од него се прави сок, џем и оцет. За гурманите не е невообичаено да послужат грозје на почетокот на оброкот со разни студени салати или пак со разни видови на сирење.


Можеби ќе ве интересира:

Лекарите сигурни: Оваа храна го намалува ризикот од карцином за дури 80 проценти