Сите го знаеме, а малкумина знаат за неверојатните чуда во манстирот: Се излева миро од ѕидот во кој се вградени моштите
Во срцето на недопрената природа, на левиот брег на реката Пчиња, се наоѓа манастирот Свети Прохор Пчињски, светилиште кое собира верници и велат дека се случуваат чуда речиси 1.000 години. Овој манастир, еден од најстарите на овие простори го основал византискиот император Роман Диоген во 11 век, од благодарност до свети Прохор Пчињски, кој му го претскажал царскиот престол.
Патувањето до манастирот води низ серпентини и напуштени села, но погледот од карпата на планината Козјак не остава никого рамнодушен. Овој прекрасен манастир дава чувство на спокојство штом човек ќе стапне на неговата света земја.
Иако посетите на верниците се поретки во зимските месеци, во летните периоди манастирот станува место за аџилак на стотици верници дневно.
„Од ноември до март посетите се намалуваат, но во лето имаме многу повеќе верници“, велат од манастирот и додаваат дека многумина токму тука нашле лек.
Чудата на Свети Прохор
Еден од најзначајните аспекти на манастирот е излевањето миро од ѕидот во кој се вградени моштите на Свети Прохор. Монасите се сведоци на многу чуда:
„Еден човек од блиското место го донел своето дете кое престанало да дише, а пред моштите на свети Прохор детето доби здив. Исто така, многу парови кои не можеле да имаат деца доаѓаат овде да се молат и потоа да имаат деца“.
Манастирот неколку пати бил разурнуван и обновен.
„Манастирот е полн со чуда. Болните доаѓаат да се молат, бездетните родители добиваат потомство. Имаше многу случаи на деца со проблеми со говорот кои прозбореа овде“.
Легендата за царот Диоген
Според легендата, Прохор Пчински му прорекол на Роман Диоген дека ќе стане цар. Откако станал цар, Диоген изградил манастир во знак на благодарност на светителот. Моштите на свети Прохор биле пренесени во Македонија, но останале неподвижни кај Пчиња, каде Диоген изградил храм во нивна чест.
Манастирот Свети Прохор Пчињски е под заштита на Заводот за заштита на спомениците на културата и ужива статус на споменик на културата од исклучително значење. Порано беше на наша, сега е на српска територија. Фрески од 14 и 15 век ја красат внатрешноста на манастирот, додека монументалната повеќекуболна црква, изградена во 1898 година, вклучува постари градби.
Манастирот Прохор Пчињски не е само место на историја и архитектура, туку и живо светилиште кое продолжува да влева вера и да дава надеж за оние кои бараат утеха и исцеление низ вековите.