Двојни стандарди: Кога мажот е постар од жената сите аплаудираат, кога постара жена е со млад маж тогаш е скандал

Добредојдовте во светот на двојните стандарди, каде што е сосема нормално чичко од 55 години да „освои“ девојка која сè уште нема ни први седи влакна, но ако жена од 40+ излезе на кафе со момче кое сè уште плаќа семеен Spotify пакет – веднаш почнува морална паника.
Зашто, кога мажот е постар – тоа е „мудрост, стабилност и финансиска сигурност“. Кога жената е постара – тоа е скандал.
Холивуд сака да глуми либерализам, па аплаудира кога некој Хајнрих од замок ќе си земе принцеза од 19 години, но затоа Хајди Клум и нејзиниот помлад сопруг Том Каулиц се материјал за мемиња. А етикетата „cougar“ е тука да нè потсети дека постарите жени се, наводно, грабливки, а помладите мажи плен кој треба да се спаси.
Зошто мажите паѓаат на постари жени? Искрено – затоа што тоа е win-win ситуација. Додека помладите генерации сè уште учат што е ghosting, постарите жени знаат што сакаат и не играат игри.
Тие имаат искуство, самодоверба, помалку нервози и – често – подобар секс. Да, токму тоа: подобар секс. Зашто по децении пракса, точно знаат што им годи, а што е губење време.
Со други зборови – ако те одбере постара жена, не си плен. Не си жртва. Ти си на VIP листа за нешто што помладите колешки допрва го учат од туторијали.
Извор/Freepik