Скопјанец има „кралско хоби“ за кое младите не се многу заинтересирани

Димитар Свирков од Скопје има „кралско хоби“ за кое младите денес не се многу заинтересирани. Тој е филателист и ја поседува најголемата колекција на поштенски марки во земјава. Станува збор за неколку милиони марки, но и за разгледници и писма.

грешка во запчање

Овој човек раскажува дека со хобито почнал да се занимава кога имал 8 години, односно веќе четири децении е посветен на собирање на поштенски марки. Филателијата jа нарекуваат и „кралско хоби“ затоа што за собирање на сите тие примероци е потребно филателистот да одвои и финансии. Но, Свирков вели дека младите денес немаат интерес за филателија, а со цел да мотивира млади луѓе, се случувало да им подари марки. Додава дека поседува многу поштенски марки од поранешна Југославија, но и марки кои биле отпечатени со грешка и кои се во ограничен број примероци, а до нив е тешко да се дојде. Тие важат за скапи марки.

грешка во име Макдонија, а не е Македонија

„Кога пропадна Југославија, марките изгубија вредност. Вие можете да имате цела колекција, а некој да има една марка и таа да вреди повеќе. Јас ја имам и марката која беше испечатена со усташка карта на Хрватска. Многу од марките се обезбедени од странство. Прво почнувате да собирате марки, а потоа си наоѓате тема. Јас имам неколку теми и тоа Мајка Тереза, Македоника, Буфови, Meчувалци и Прва светска војна Македонски фронт. Поштенските марки со ликот на Мајка Тереза ми се од странство“, вели Свирков.

По грешка НДХ 1941 Карта на Хрватска

Тој додава дека филателијата ја поттикнува интеракцијата, но и создавање на пријателства со луѓе од други држави. Ова хоби воедно придонесува луѓето да научат многу повеќе за одредени временски епохи, за ликови и историски настани. Објаснува дека има држави каде филателијата е доста развиена за разлика од Македонија.

незапчана марка

„Филателијата е многу развиена во Германија, Швајцарија, Кина. Кај нас кај младите нема некој интерес, затоа што тие повеќе се сконцентрирани на дигиталниот свет“, рече Свирков.

марка со Атест дека е оригинал незапчана

Тој за својата креативна работа има добивано медали, а одржувал и изложби. Вели дека филателистите можат да налетаат и на поштенски марки кои се фалсификат, но оние марки кои се продаваат на аукции се оригинални и имаат потврда за тоа. 

првите марки Македонија ВМРО

медали од натпревари

мал дел
Сања Атанасовска