Скриеното богатство на ТИТО: Видете го објектот 99, луксузната вила која ја градеа затвореници

Во близина на Плитвичките езера во Хрватска има видлива трага од оазата каде Тито и неговите пријатели, политичари уживаа во луксузот.

Вили во сопственост на тогашниот претседател Јосип Броз-Тито имаше низ цела поранешна Југославија. Додека некои од нив се добро познати на јавноста, други беа нешто како скриено богатство.

Во близина на Плитвичките езера е вилата Извор, скриена длабоко во крошна на националниот парк Плитвице. Денес тоа е скоро целосно распадната и е само бледа руина на поранешен луксуз.

Позната е и како Објект 99, затоа што 99 затвореници од Градишка, Лепоглава, Митровица и Голи Оток работеле на нејзината изградба.

Вилата се сметаше за една од најскапите резиденции во моментот на изградбата, а имаше и просторија за билијард, куглана и кино. Собите за состаноци криеја места за тајни преговори, а после тоа имаше места за одмор со виски и цигари.


За гостите кои би престојувале неколку дена, имало елитни станови со луксузни кревети донесени од Италија, лустери со Сваровски кристали, постелнина која била од свила...

Сепак, не сите беа запознаени со 80-метарскиот тунел што служеше како таен излез.

Денес, државата и Националниот парк расправаат околу сопственоста на вилата, и додека трае овој процес, сјајот на славните времиња на вилата се повеќе бледне, за жал.