Смена на тронот- Виена тотално во аут: Ова е најдобриот град за живеење во светот
Откако три години по ред беше прогласен за најдобар град за живеење, Виена излезе од првите десет и сега е на 12-тото место, според рангирањето на „Одделот за економско истражување“ на „Ди Економист Груп“(Еconomic Intelligence Unit - EIU ).
Окланд во Нов Зеланд е прогласен за најдобар град за живеење, по што следи јапонската Осака, додека трет е Аделаида во Австралија.
Последен пат Окланд беше меѓу најдобрите 10 града во 2017 година, кога се најде на осмото место, позиција која годинава Мелбурн ја дели со Женева, a во 10-те најдобри градови влезе и Велингтон.
Виена падна на 12-то место, а на крајот од списокот повторно е сирискиот Дамаск, пренесува Танјуг.
Европските метрополи беа особено погодени од падот. Повеќето епидемиолошки затворања и оптоварувањето врз здравствениот систем беа поголеми отколку во другите делови на светот.
Поради тоа, само два европски града беа меѓу првите десет. Така, Цирих и Женева се седми и осми на списокот.
Во рангирањето се зема предвид здравствениот систем, образованието, културата, инфраструктурата, но исто така и социјалното осигурување, политичката стабилност и стапката на криминал.