Постави нов РЕКОРД ВО АЛКОХОЛИЗАМ: Многу луѓе се фаќаат за глава кога ќе слушнат што успеал да направи за 17 часа

Англичанецот Нејтан Кримп е горд сопственик на Гинисовиот рекорд во кој се обидел да посети што повеќе пабови во рок од 24 часа. На крајот успеал да се напие во дури 67 пабови за 17 часа.

Кримп, кој беше придружуван од двајца пријатели, требаше да го надмине рекордот на Герет Марфи од 56 пабови за 10 часа.

„Тоа беше најтешкото нешто што сум го направил. Целосно потценив колку навистина ќе биде тешко“, изјави Кримп за „Liverpool Echo“.

Младиот рекордер рече дека планот бил да се обиде да остане трезен во првите 25 пабови, но тоа е невозможна мисла по 15 барови.

„Морав малку да помешам, па пиев алкохол во еден бар, а безалкохолни пијалоци во друг бар“, објасни Кримп за својата неуспешна тактика.

Правилата на Гинис бараа Нејтан да се напие пијалак во секој паб, и да зачува докази во форма на сметки и потписи на сведоци.


Фото: unpslash