Стопанската комора и Creative Hub го носат Google во Македонија

На 13 октомври 2025 година (понеделник)Стопанската комора на Македонија и Creative Hub Академија – македонска компанија со седиште во Мајами, Скопје и Приштина – ќе ја одржат конференцијата “Expand to US & AI”.

Главни гости на конференцијата, по покана на Аријана Коскаровамакедонски претприемач која живее и работи во Мајами и е основач на Creative Hub Академија, се:

  • Ренато Гаро, Директор за технологија во Google
  • Кит Карсвел, Директор за економски развој и иновации во Град Мајами (САД)

Настанот ќе го отвори г. Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија.
Програмата ќе вклучи практични совети за тоа како македонските компании можат најбрзо и најуспешно да отворат и развијат бизнис во САД, како и презентација од Google за тоа како да се применува вештачката интелигенција за автоматизација и раст на бизнисот.

Ова е втор заеднички настан на Creative Hub и Стопанската комора, по Балканскиот Претприемачки Самит во 2019 година, на кој присуствуваа голем број бизнисмени од земјата и странство.

Билетите се ограничени – достапни се само 40 карти.

  • Стандарден билет: 59 €
  • ВИП билет: 159 € (вклучува ВИП вечера и дружење со гостите)

Купи карти тука: creativehub.mk/ai-conference

Датум: 13.10.2025
Локација: Скопје
Време: 09:00 часот

Ексклузивно по конференцијата ќе се одржи четиричасовниот курс “AI for Executives” со Renatto Garro (Google CTO), наменет за менаџери и основачи кои сакаат да развијат ефективна AI стратегија во своите компании.
Цена: 500 € — ограничено на само 10 учесници.

ПР објава