Со една намирница ослободете се од заморот
Ако сакате да се ослободите од заморот, користете рен во исхраната.
Кога ќе се каже рен, се мисли на лутиот корен, но малкумина знаат дека и младите листови од ова растение се богати со витамин Ц, каротени и хлорофил. Содржат и значителна количина калиум, фосфор, хлор, сулфур и Б витамини.
Ренот е чудотворен корен со кој треба да ја збогатите исхраната. Дијабетичари и оние кои постојано ги мачи чувството на замор или имаат забавен метаболизам треба да го стават на неделното мени.
Ренот е богат со глукозинолати кои ја подобруваат работата на црниот дроб. Иако не е толку „популарен“ меѓу здравите намирници, тој има дури десет пати повеќе глукозинолати од брокулата која важи за најздрава намирница. Ренот е добар антиоксидант, а може да го спречи и растот на постоечки тумор кај болните. За најдобар ефект, консумирајте 1/4 лажичка рен дневно.