Со едно каснување, испуштила доволно отров за да убие 400 луѓе! Застрашувачки рекорд на агресивна змија

Една од најопасните отровни змии по име Циклон испуштила 5,2 грама исклучително опасен отров, објави австралискиот парк за рептили.

Австралискиот тајпан или змија-тигар Oxyuranus scutellatus, чие име е Циклон, постави застрашувачки рекорд - со едно каснување испуштила најголема количина на исклучително опасен отров. Всушност 5,2 грама отров, што е три пати повеќе од просечната количина на отров од овој вид и доволно да убие 400 луѓе, објави австралискиот парк за рептили.

„Циклонот е нашата најопасна змија и е познат по тоа што е непредвидлив и секогаш нè става на работ“, изјави за LiveScience Били Колет, оперативен менаџер во австралискиот парк за рептили.

Овој вид тајпан е една од најотровните змии во светот. Тие живеат во крајбрежните области на северна и источна Австралија и обично се долги околу два метри, според Австралискиот музеј.

- Овие тајпани не се најотровниот вид на светот, но се познати по нивната агресивност и нивното каснување, кој секоја година убива по неколку луѓе - изјави Колет.

Претходниот рекордер беше тигар-змијата во овој парк, која испушти 4,9 грама отров со едно гризнување.

Овој парк е единствениот во Австралија кој вади отров од змии за да направи противотров.

(Telegraph Science/LiveScience)