„Со кого ме изневеруваше, подобро да се убијам“: Сопругот ѝ простуваше на сопругата за секоја афера, шокот дојде кога дозна кој е нов
Кога дознал со кого го изневерува неговата сопруга, не можел повеќе да го издржи шокот
За време на 20 години брак, неименуваниот маж поминал низ вистинска агонија, уште од првиот ден знаел дека сопругата го изневерува и отишол над и подалеку за да го спаси семејството. Но животот му бил уништен во моментот кога дознал дека сопругата го изневерувала со неговиот брат.
„И двајцата имаме 46 години, две децении сме во брак и имаме три деца. Се запознавме на факултет и полека се развија чувства меѓу нас. Таа секогаш беше жива и дружељубива, а јас бев многу среќен што избра некој повлечен како мене“, рекол измамениот маж.
„Од првиот момент на нашата врска знам дека ме изневерува. Решив да замижам пред сите нејзини прељуби, за да го спасам семејството“, вели тој и продолжува:
„Ме изневеруваше со колеги од работа, со мајстори кои работеа во нашата куќа, момци од кафана, па дури и со фризер за кој тврдеше дека е геј. Како тоа да не беше доволно, дознав и дека нашето најмало дете не е мое. Штом забележав дека е таинствена со нејзиниот мобилен телефон, знаев дека бара нова жртва. Но, кога на нејзиниот телефон видов видео порака од мојот брат, се запрепастив. Кога се соочив со неа, таа ми рече дека претерувам. Мојот брат има 50 години, тој е оженет и јас имам многу лоши односи со него. Моите пријатели ми велат да се разведам, но јас сепак ја сакам.
Мажот потоа му се обратил на психотерапевт, кој му одговорил вака:
„Ваквите тајни обично секогаш се откриваат, а ако вашите деца дознаат за ова, веројатно ќе бидат истрауматизирани, а да не зборуваме за реакцијата на поширокото семејство. Ако вашите деца знаат за нејзините работи, тоа може да има катастрофални последици за нив. Тие можат да пораснат мислејќи дека ваквото однесување е дел од нормалниот семеен живот, а не е реално да се очекува од неа да се промени, освен ако навистина не се заложи за решавање на нејзините проблеми“, пишува британски „Сан“.
Фото: freepik