Европско од сон, Ја излези Ѓурѓо и Послушајте патриоти го размрдаа Дебрецин: Ракометна еуфорија

Македонските навивачи  во свој препознатлив стил - со песна и скандирање внесе живот на улиците и кафулињата во Дебрецин, Унгарија.

Повеќе од 50 навивачи, пред почетокот на натпреварпт Македонија - Словенија, се наоѓаат во кафуле до Арената ,,Феникс,, во ке се слушаат звуците на ,,Послушајте патриоти,,,, Ја излези Ѓурѓо, „Европско од сон“,...

- Свесни сме дека не чека тежок натпревар. Словенија важи за фаворит на првенството. Но, со сета сила ке навиваме и ќе бидеме најгласни во салата, како и секогаш. Доаѓаме од повеќе страни на Македонија, но љубовта кон спортот, ракометот , Македонија е таа  што сите не поврзува. Дебрецин е убав град. Но, доста тивок. Ние го раздвиживме. Многу е ладно, но нас веќе ни е топло во душата - открива Мирослав Поповски. 

 Македонската машка ракометна репрезентација во 18 часот ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство во Дебрецин, Унгарија. Противник ќе биде Словенија, една од најдобрите репрезентации на првенството. Од нашиот тим посочија дека ке биде тешка борба, но ќе го дадат својот максимум.  Наши противници во групата А ќе бидат и Данска и Црна Гора.

С.А.Н