Социјален експеримент: Што се случува кога од децата ќе побараме да нацртаат човек?

Македонски Телеком како дел од својата тековна кампања посветена на надминување на предрасудите во општеството лансираше нов социјален експеримент, кој ни ја покажува вистината за еднаквоста видена низ најчистите очи, детските.

Едноставна задача, длабока поука

За учество во експериментот беа повикани деца на возраст од шест до седум години. Нивната задача беше едноставна: „Нацртај човек.“ Опремени со дрвени боички, фломастери и маркери, малите уметници со ентузијазам работеа на зададената задача.

Клучниот момент кој ја открива длабоката поента на експериментот лежи во нивната реакција. Ниедно дете не праша каков човек треба да нацрта. Немаше прашања за расата, полот, потеклото или социјалниот статус. За нив, „човек“ значеше токму тоа – човек.

Погледнете го целиот социјален експеримент:

Кога цртежите беа завршени, сличноста беше евидентна. Секоја фигура, нацртана со детска искреност и едноставност, беше приказ едноставно на човечко суштество. Во нивниот универзум, сите луѓе се еднакви, без разлика на различностите кои ние возрасните, со текот на годините, сме научиле да ги користиме како етикети создавајќи на тој начин бариери меѓу нас. Еден е тато и една е мама, сите други се еднакви и исти, гласи неискажаната детска порака.

Овој експеримент е моќен потсетник дека не се раѓаме со предрасуди, ги стекнуваме низ животот, но пред тие да ни се случат, детските очи гледаат само човечност. Вистинското, чисто поврзување започнува токму во мигот кога едни со други ќе се погледнеме како луѓе без етикети.

#НаправиМесто за свет без предрасуди

Со овој социјален експеримент, Македонски Телеком не само што покренува важна општествена тема, туку настојува и да инспирира промени. Од пораката што ни ја испратија децата со нивните цртежи можеме само да учиме дека ќе создадеме подобра иднина доколку се ослободиме од стекнатите предрасуди и ги прифатиме вредностите на еднаквост и човечност, кои децата природно ги поседуваат.

Токму таков свет и општество сакаме да изградиме и негуваме.
#НаправетеМесто за добрите работи во нашето општество.

ПР објава