Спонзори и спонзоруши за своите „врски“: „Тој сака секс, ама јас сакам пари“

„Мојата поранешна сопруга ја користеше мојата картичка и правеше сметки од 45.000 до 90.000 секој месец. Мојот адвокат ми рече да ги избројам деновите кои сме биле заедно и колку пати сме имале односи и да го поделам тоа со алиментацијата - и ќе го добијам износот колку сум ја плаќал за секој пат кога сме имале односи. Тогаш сфатив дека може да имам и спонзоруша“, објасни Ник кој е во врска со „sugar baby“ Канди. Тој е нејзиниот „sugar daddy“.

Тие наводно се совршен пример за она што спонзорот и спонзорушата може и треба да бидат. Канди се надеваше дека нејзината кариера ќе оди во нагорна линија откако го запознала Ник на веб страната Seeking Arrangement, но Ник не е нејзин единствен спонзор. Вели дека не спие со сите, но потврди дека зима пари за тоа - да има односи. Ник изнајмува спонзоруши и како украс за во канцеларијата.

„Многу е тешко да водите еден состанок и да разговарате за маркетинг со десет мажи, но кога ќе доведете една згодна жена сите сакаат да разговараат со неа“ - објаснува тој.

Вели дека не ги објективизира жените, бидејќи не ги тера да прават нешто нешто што тие не сакаат, но дека тие се таму бидејќи се млади и убави, па тој тогаш би сакал да ги објективизира. Кога тој би изгледал добро и би сакале да го искористат во рекламирање и жените дома да мастурбираат на него, тој тоа би го дозволил со задоволство.

Во текот на денот Алекс е млада извршна директорка, а навечер таа е спонзоруша. Излегува со маж кој со оглед на годините би можел да и биде татко, но тој е нејзиниот спонзор. Алекс признава дека ја интересира неговото богатство, а тој сака секси жени.

„Доколку имате пари, тие ги привлекуваат жените, затоа искористете го. Како и маж кој има мускули или маж кој добро изгледа. Искористете се што може да го привлече спротивниот пол“ - рече Брендон Вејд, основачот на првиот и најголем веб сајт за спонзоруши Seeking Arrangement.

Веб страната им овозможува на младите жени да пронајдат богати спонзори кои ги издржуваат додека студираат, а наводно на неа се претплатени 180 илјади студентки.

Алекс вели дека не бара „партнери“ постари од 60 години, ниту помлади од 30. Месечно заработува помеѓу 600 евра до 1300 евра во кеш и подароци.

„Доколку сте сиромашни и постојано се дружите со сиромашни луѓе, никогаш нема да најдете подобра можност во животот. Спонзорушите се млади, амбициозни, знаат точно што сакаат во животот и сакаат да постават високи стандарди за тоа со кој би сакале да бидат. Зошто би сакале да излегуваат со „губитници“? Сакате да излегувате со некој кој може да ви помогне да го подобрите животот“ - објасни Брендон.

Брендон има и сопствена спонзоруша Зое на која и купува скапи подароци и и помага да се школува. Цели дека на крајот на денот во фантазијата која ја продава, им дава на луѓето среќа бидејќи животот е прекраток - бидејќи додека некои сакаат љубов, други сакаат да бидат опкружени со десет убавици.

Задоволна „sugar baby“ е и Саманта која живее во Лондон и добива помеѓу 1000 до 2300 евра месечно од четворица мажи со кои моментално излегува, а ги запознала на истата веб страница.

Покрај месечните примања, Саманта добила и викенд во Париз, каде што престојувала во отмениот хотел Mayfair, луксузни вечери и дизајнерска облека.

„Најзначајниот „дејт“ ми беше излетот во Париз и возењето на број по реката Сена - тоа беше нашиот четврт состанок. Отидовме таму за викенд, беше многу убаво. Се поклопи со едно од неговите службени патувања, па летавме со бизнис класа. Одевме на неверојатни вечери во рестораните на Гордон Рамсај, уживавме во хотелските слаткари и одевме на шопинг“ - раскажува Саманта.

Професорот Петер Флеминг и автор на книгата „Sugar Daddy Capitalism: The Dark Side of the New Economy“, вели дека Брендон ја спакувал проституцијата во „нов костум“ и продава приказна дека љубовта е за сиромашни и дека со многу пари може да се купи.


Извор: 24sata.hr