Ќерката на Брус Вилис откри потересни детали за состојбата на славниот актер: „Денес е тежок ден, чувствувам длабока болка во градите...“

Румер Вилис, ќерката на Брус Вилис, сподели трогателна порака на Денот на таткото, откривајќи ги најновите информации за тешката здравствена состојба на познатиот актер и борбата со деменцијата.
„Денес е тежок ден, чувствувам длабока болка во градите затоа што би сакала да разговарам со тебе и да ти кажам сè што правам и што се случува во мојот живот“, напиша ќерката на Брус Вилис на Инстаграм во неделата.
"Да те гушнам, да те прашам за животот, твоите приказни, борби и успеси. Посакувам да ти поставував повеќе прашања додека сеуште можеше да ми кажеш сè. Но знам дека не би сакал да бидам тажна денес, па ќе се обидам да бидам благодарна и да се потсетам колку сум среќна што си ми татко и што сеуште си тука со мене", додала Румер Вилис.
Сè уште можам да те гушнам, да ти го бакнувам образот, да ти ја галам главата и да ти раскажувам приказни“, напиша таа.
Румер откри колку и значи тоа што на Брус му „светнуваат очите“ кога ќе ја види нејзината двегодишна ќерка Луета, која ја има со поранешниот партнер Дерек Ричард Томас. "Ќе бидам благодарна за секој момент што го имам со тебе. Те сакам тато, среќен ден на таткото", продолжи таа.
„Испраќање љубов до сите кои се во иста ситуација како мене или ги загубиле своите татковци, до самохраните мајки кои исто така се татковци и до мојот иден татко на моите деца...
Заедно со пораката, Румер сподели серија фотографии со нејзиниот татко низ годините, вклучувајќи слика од Брус со неговиот внук.
Семејна поддршка
Брус Вилис (70) се повлече од јавноста во 2022 година, откако му беше дијагностицирана афазија. Една година подоцна, семејството објави дека познатиот актер се бори со фронтотемпорална деменција, болест која предизвикува проблеми со говорот и однесувањето, велат од клиниката Мајо.
Брус Вилис има три ќерки со поранешната сопруга Деми Мур (Румер, 36, Скаут, 33 и Талула, 31), со која беше во брак од 1987 до 2000 година. Поранешните сопружници останаа во добри односи, а Деми редовно го посетуваше Брус за време на неговата борба со болеста.
Брус има и две помали ќерки, Мејбел (12) и Евелин (10) со својата втора сопруга Ема Хеминг (46). Ема, со која е во брак од 2009 година, често споделува информации за здравјето на нејзиниот сопруг, истакнувајќи ги „монументалните подеми и разорните падови“ низ кои поминуваат.
ФОТО: Инстаграм